Г-дин Игор Николоски дипломираше на Правниот Факултет во Скопје на одделот за Политички студии со специјализација во Односи со јавноста и Масовни Медиуми. Г-дин Николоски од 2001 година работеше во банкарскиот сектор во Србија и Македонија, проследено со искуство како претставник на две големи агенции за кредитни извештаи. Неговата експертиза е менаџирање на проекти и деловно планирање.
Г-динн Адај работеше како новинар, претприемач и деловен консултант на компании во Германија и Турција. Тој е активист за човекови права и автор на неколку публикации во Германија. Г-динот Адај е активен консултант на Германски фирми кои инвестираат во Турција и обратно. Неговата експертиза се преговарања, B2B поврзувања и менаџирање на проекти.
Г-дин Кирил Чупаригов – клучен експерт за продажба и деловен аналитичар одговорен за нови клиенти во полето на јавни набавки. Кирил е одговорен за сите нови деловно развојни стратегии и односи со клиентите.
Г-дин Влатко Стојановски – финансиски експерт во деловно планирање и промоција на продажба. Влатко е одговорен за сите трговски активности на групацијата.
Г-дин Зоран Трпевски – експерт за програмирање во развивање на WEB апликации и ИТ решенија. 5 годишно работно искуство со најразлични ит апликации.
Магдалена Настевска дипломиран економист по Сметководство и Ревизија одговорна за финансиите на компанијата.
Тодор Стојчевски дипломиран новинар и магистер по Мир и Развој со 11 годишно искуство со медиумите. Г-динот Тодор е одговорен во компанијата за сите ПР настани и целосниот сектор комуникации.